Tuesday, September 29, 2015

Никола Тесла

Никола Тесла (СмилјанЛика10 јули 1856 - Њујорк7 јануари 1943) — српски научник, и истражувач и пронаоѓачна полето на електротехниката и радиотехниката, познат како татко наизменичната струја и бројнифутуристички пронајдоци.
Роден е во СмилјанАвстроунгарија, Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмоткон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето наполифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.
По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.[2]

Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, воСАД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите напопуларната култура[3] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник.[4] [5] Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.
Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака B\,), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures воПариз во 1960 година.
Покрај неговата работа во областа на електро-магнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистикатануклеарната и теоретската физика. Во 1943 година,Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонаукитеНЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"[6] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет."[7]
Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.
Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.

No comments:

Post a Comment